Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

Чупеска: Прогресивните политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот

„Прогресивните и либерални политички партии имаат обврска заедно да се спротивстават на авторитаризмот и поткопувањето на демократијата кој зема се’ поголем замав дури и во европски држави“, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната панел дискусија во рамки на дебатата „Одбрана на демократијата и човековите права наспроти војната, национализмот и авторитаризмот”, настан којшто е дел од Неделата на човековите права, иницијатива на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Сведоци сме на постојана меѓусебна поврзаност и создавање на т.н авторитарни сојузи, меѓу различни политички актери и нивно заедничко делување. Во Европа ова станува многу очигледно и не треба да се игнорира. Во време на растечки популизам и национализам кои ја загрозуваат демократијата и човековите права, тоа бара заеднички одговор на прогресивните и либерални демократски партии. Тоа е заедничка обврска“, рече Чупеска.

Истовремено, потпретседателката на СДСМ потенцираше дека дезинформациите се моќен инструмент за овозможување авторитаризам и поткопување на демократијата и затоа тактиките во борбата против лажните вести и дезинформациите треба да бидат дел и од современата борба против авторитаризмот.

Прочитајте повеќе

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Уште една акција од 15 минути молк за 15 жртви во Нови Сад

Во повеќе градови во Србија во неделата беше одржан 15-минутен молк за 15-те жртви од …