Пожар пожари

ЦУК: Три активни пожари, еден под контрола

Центарот за управување со кризи известува дека во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а 17 се изгаснати

Центарот за управување со кризи известува дека во текот на изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар, од кои три се активни, еден пожар е под контрола, а 17 се изгаснати.

Активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што е зафатена мешана шума, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Македонски Брод, каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај селото Нивичино во Василево, каде што е опожарена нискостеблеста шума.

Под контрола и натаму останува пожарот во дојранско Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Тешка битка со огнот во Богомила и Пелагонија

Најтежок ден од сезонава на пожари беше регистриран во четвртокот (13 август), кога огнените фронтови се …