Целосно вакцинирано 35 проценти од населението, 38 отсто со една доза

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта кое ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот. За тестирањето ќе биде потребна и согласност на родителите на учениците.

Скринингот е предвиден да трае пет дена, а дневно да бидат тестирани по околу 1600 деца, во самите училишта од мобилни екипи. Тестирањето во средните и основни училишта, како што појаснуваат надлежните се одвива се со цел да се добие податок за евентуална трансмисија на вирусот во училиштата.

Во училиштата  вакцинирани се  околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …