Цената на бензините останува иста, а на дизелот се намалува за 1,50 денари за литар одлучи Регулаторна комисијата за енергетика и водени ресурси.
Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ не се менуваат, и ќе се продаваат за 73 и 75 денари за литар.
Малопродажната цена на дизелот од ноќеска се намалува за 1,50 денари за литар, и ќе изнесува 62 денари за литар.