Цените на бензините се намалуваат по половина денар, цената на дизелот останува непроменета

Цените на бензините се намалуваат по половина денар, цената на дизелот останува непроменета

Цените на горивата повторно одат надолу. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.26%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по половина денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.50 денари, а еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел и понатаму ќе чини 53.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Прочитајте повеќе

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Компаниите чекаат услови за унгарскиот заем, Владата уште не го потпишала договорот

Домашните компании чекаат какви ќе бидат условите за да ги користат парите од Унгарија. Од …