Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, среда 1 јули:

  • Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има два нови случаја на коронавирус, како и еден во општина  Пласница. Едно лице оздравело од заразната болест;
  • Бројот на активни случаи изнесува 37, од кои 29 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 8 лица позитивни на коронавирус. Од нив, едно лице е со полоша клиничка слика;
  • Во самоизолација се наоѓаат 94 лица.