Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за денеска, понеделник 29 јуни:         

  • Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека денеска во општина Прилеп има 5 нови случаи на коронавирус, а двајца новозаболени се регистрирани и во населеното место Црнилиште, општина Долнени. Од заразната болест оздравело едно лице;
  • Бројот на активни случаи изнесува 33, од кои 25 се наоаѓаат на домашно, а 8 на болничко лекување;
  • На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“, хоспитализирани се 7 лица позитивни на коронавирус, а на едно лице сомнително на КОВИД-19 му е земен брис и се чекаат резултати;
  • Вкупниот број на инфицирани со коронавирус од почетокот на пандемијата изнесува 257;
  • Во самоизолација се наоѓаат 75 лица.