ЦИВИЛ: Осуда за ширењето етничка омраза од „Комитите“, институциите да го санкционираат ова однесување

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е најновиот инцидент со скандирањето на навивачката група „Комити“ низ центарот на Скопје на 13 септември 2020 година.

Институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно  сите групи и поединци  што шират омраза и повикуваат на насилство е повикот кој ЦИВИЛ континуирано го упатува со години наназад, без оглед на тоа од која страна доаѓа омразата.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните, не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство од одредени групи се последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот.

Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи, како што е и вчерашниот случај со парадирањето на група навивачи придружено со националистички скандирања и говор на омраза кон Албанците.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …