„Црн вторник“ во музичката индустрија – шоуто мора да се стави на пауза

Вторник, 2 јуни 2020 година e одбележан со колективна акција наречена „Црн вторник“ Blackout Tuesday која е подржана од музичката индустрија. Акцијата ги охрабрува бизнисите кои се поврзани со музика да се воздржат од нејзино објавување. Оваа иницијатива е организирана како реакција на убиствата на Џорџ Флојд, Ахмауд Арбери и Бриона Тејлор во САД, во знак на протест против полициската бруталност.

Првичниот повик се случил од студиото „Атланда рекордс“ (Atlanta Records), кои за оваа инцијатива велат дека треба да трае сè додека ситуацијата не се смени и дека ќе објават дополнителен план за тоа што ќе се случува во наредните денови. И други музички платформи дадоа подршка на оваа иницијатива меѓу кои се и „Спотифај“ (Spotify), „Амазон мјузик“ (Amazon Music), „Јутјуб“ (YouTube) и „Епл мјузик“ (Apple Music).

Покрај ова, на Инстаграм се појави и #iammuted движење кое ги поттикнува корисниците кои што не се од афро-американско потекло да се воздржат од објавување на содржини во наредната недела, со цел да се даде повеќе простор за постови за моменталната ситуација.

Од „Спотифај“ исто така изјавија дека ќе додадат 8 минути и 46 секундна тишина на некои подкасти и плејлисти, што е еднакво на времето кое што полицискиот службеник го поминал клечејни врз вратот на Џорџ Флојд што резултираше со неговата смрт. Во подршка исто така излезе и каналот за деца „Никелодион“ (Nickelodeon) кој ја запре програмата.

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …