Црна Гора: Откриен еден тон кокаин во контејнери со банани

Црна Гора: Откриен еден тон кокаин во контејнери со банани

Црногорската полиција ноќеска пронашла и запленила преку еден тон кокаин во пратка со банани. Две лица се уапсени.

Полицијата на Твитер соопшти дека се уапсени две лица по пронаоѓањето преку еден тон кокаин, спакуван во 1200 пакети во контејнери со банани. Други детали засега не се соопштени.

Црногорските медиуми пушуваат дека ова е досега најголемиот удар против нарко мафијата во оваа земја. Кокаинот бил откриен во повеќе складови во околината на главниот град Подгорица, пренесуваат медиумите.

Интернет изданието на весникот „Вјести“ јавува дека полицијата ноќеска ја блокирала околината на главната полициска централа пред таму да го пренесе кокаинот.

Црногорските кланови контролираат дел од шверцотна кокаин од Латинска Америка кон Европа. Тие се озлогласени според својата безобзирност и бруталност. Два картели од Котор со години водат жестоки меѓусебни пресметки низ цел свет. Убиства на ривализираните припадници на клановите се случуваа меѓу другото и во Германија, Австрија и Грција.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …