Парламентарните избори во Србија во јуни по квалитетот и по изборот на денот за избори, но пред сè по севкупниот изборен процес, се најлошите избори што Граѓанската организација Центар за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) од Србија досега ги набљудувала од 2016 година наваму, соопшти организацијата.
Нејзината набљудувачка мисија, која се состоела од репрезентативен примерок од случано избрани 500 гласачки места, забележала неправилности во 80 отсто од случаите што ги третирала. ЦРТА порачува дека примерокот од 500 места овозможува да се известува за почитувањето на законите на сите избирачки места.
Најновите резултати, според тоа, се двојно полоши отколку на изборите во 2016 и 2017 година. Земајќи ги предвид видовите неправилности и нивната распространетост низ цела Србија, ЦРТА проценува дека тие пред сè во делот на процентот на излезност, односно ако ги немало, излезноста би била 4 проценти помала.
„Иако овие избори ги исполнуваат минималните демократски стандарди, тие го загрозуваат квалитетот на демократијата во Србија. Вложен е голем труд да се создаде еден привид на демократски избори преку намалување на изборниот цензус или на бројот на регистрирани гласачи, но по вакви избори можеме да очекуваме само дека следните ќе бидат уште полоши“, изјави Раша Недељков, шеф на Набљудувачката мисија на ЦРТА.
На три нивоа на набљудување на изборите, на гласачките места, пред нив и при гласањето од дома, набљудувачите на ЦРТА забележале неколку неправилности, како: нарушување на тајноста на гласање, водење паралелни евиденции на гласачи, притисок врз гласачите, купување гласови, гласање без документи и проверка со УВ ламба и слично. Забележани се три случаи на корупција во избирачкиот процес, познати како „бугарски воз“, коишто ЦРТА ги пријавила во полиција. На две гласачки места на коишто биле присутни набљудувачи на ЦРТА имало физички инциденти. Биле регистрирани случаи кога гласачи не може да гласаат оти не биле впишани во избирачкиот список.
Изборната кампања што му претходела на изборниот ден била одбележана со крупни промени на главните правила на игра во текот на изборниот процес, со нерамноправност на учесниците во изборите, со интензивна кампања од функционери на сите нивоа, со злоупотреба на јавни ресурси, како и со интерност на институциите што треба да го штитат интегритетот на изборниот процес.
Црта веќе работи на комплетна анализа, а подолу може да ја проследите конференцијата за медиуми на којашто беа соопштени согледувањата напишани погоре.