Д-р Стевановиќ: Потребна ни е дисциплина, оние со лесни симптоми на ковид-19 да се изолираат дома

Д-р Стевановиќ: Потребна ни е дисциплина, оние со лесни симптоми на ковид-19 да се изолираат дома

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ информираше дека е започната хоспитализација на пациенти во модуларната болница во непосредна близина на клиниката, која има капацитет од 70 кревети и истата е целосно опремена за третман на пациентите со ковид-19.

„Постои систем на мобилизирање на медицински персонал, како среден медицински персонал, така и лекарски и специјалистички. Во моментот на испомош се дојдени колеги од интернистичките гранки и тоа е практично една екипа, еден тим кој работи и во клиничката зграда и во модуларната болница. Тоа е всушност една институција сега”, соопшти Стефановиќ додавајќи дека модуларната болница е целосно опремена, а има и централен довод на кислород до секое легло.

Таа потенцираше дека заради динамиката на приеми и исписи не може да се даде предвидување како ќе се полнат болничките капацитети, но она што може да се направи е придржувањето кон мерките како единствен начин за лична заштита и превенција од ширење на вирусот.

„Истите мерки важат насекаде во светот, многу едноставни и лесни за придржување. Само треба дисциплина, а таа сега ни е исклучително потребна. Држете дистанца, избегнувајте групирања, носете маска. Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние кои навистина имаат потреба од хоспитализација“ апелираше директорката на Инфективната клиника.

Како што додаде таа, здравствените работници се оние кои мора да ја издржат оваа битка, а граѓаните се тие кои треба да помогнат. Дополнително, таа апелираше и до инфицираните со ковид-19 во целост да ги следат препораките на стручните лица, матичните лекари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …