Демант на СДСМ на невистинити и лажни вести објавени на Алфа телевизија:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги демантира лажните вести објавени на Алфа телевизија.

Стара лага е дека во Македонија ќе се градат кампови за мигранти. Тоа не е точно. Токму министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во неколку наврати ја има демантирано оваа лажна вест.

Лагите, конструкциите и измислиците дека постои раскол во раководството на СДСМ се само неостварена желба на сите оние на коишто им пречи напредокот на земјава и доближувањето на Македонија до ЕУ и НАТО.

Членство на СДСМ, раководството, како и останатите субјекти што се дел од коалицијата Заедно за европска Македонија, граѓаните, здруженијата, се силно обединети околу процесот на обезбедување на иднината во ЕУ и НАТО.

Дали преку ваквите лажни вести и конструкции телевизија Алфа отворено одработува да се прикрие поделеноста и разногласието во ВМРО-ДПМНЕ?

Граѓаните не заслужуваат ваков однос. Потсетуваме дека обврска на секој медиум е да известува објективно во насока на навремено и вистинито информирање на граѓаните.