Дали знаевте...?

Дали знаевте…?

  • Познати се многу патешествија на морнарите, меѓутоа многу интересно е патувањето на извесен Хенк Декер. Иако слеп, Декер одлучил сам со својот брод „Црна ѕвезда“ да плови од Сан Франциско до Хонолулу, на Хаваите. Се ориентирал со помош на Брајова мапа и компас и после 23 денови среќно стигнал на целта.
  • „Кристалната палата“ во Њујорк, во која е одржана првата светска изложба, во најголем дел била изградена од железо и стакло, заради што се сметало дека е сигурна од пожар. Меѓутоа во 1858 година, за само половина час палатата изгорела до темел.
  • Најголемиот гусар на сите времиња е Бартоломеј Робертс. За само 3 години, нему му успеало да зароби повеќе од 400 бродови.
  • Кога би се повлекла водата од сите океани, по нив би останале огромни количини сол, 40 пати поголеми од европскиот континент.
  • Идејата за поврзување на Атлантскиот и Тихиот океан се родила уште во 16 век, а остварена била дури 400 години подоцна, во 1914 година, со прокопувањето на Панамскиот канал. Во текот на работата на овој канал, од тропски болести починале повеќе од 10.000 работници.
  • Секвоите спаѓаат меѓу најголемите и најстарите дрвја на светот. Нивните стебла понекогаш се тешки и до 1.000 тони. Со пребројувањето на прстените од турнатите стебла, било утврдено дека некои од нив се стари и по 2.000 години, додека други, пак, кои што се сѐ уште живи, имаат и преку 3.500 години.
  • Пред нешто повеќе од 120 години, рускиот весник „Московске вједомости“ ја објавил следната вест:„Им се дава до знаење на жителите на Москва и губернијата, дека заради противзаконско собирање на луѓе и вознемирувачки разговори за некакви летови на православните на Месечина, граѓанинот Никита Петров е протеран од Москва и ставен под надзор на полицијата во киргиското село Бајконур“. Денес во Бајконур се наоѓа најпознатиот космодром, од кој во вселената полета и првиот човек Јуриј Гагарин.

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …