„Dancers united“ со неколку медали на Европското првенство во танц

Членовите на студиото за танц и фитнес „Dancers united“ од Скопје остварија големи успеси на Европското првенство во танц што се одржа во Варшава, Полска на 29 и 30 април и дома се вратија со медали во неколку категории.

Со инклузивна танцова точка на лица со типичен и атипичен развој, „Dancers united“ ја одбранија титулата светски прваци и се закитија со уште еден златен медал на Светскиот куп во инклузивна категорија што се одржа во рамки на Европското првенство. Ова скопско танцово студио, во оваа категорија е европски и светски шампион веќе пет години.

Покрај овој успех, „Dancers united“ на Европското првенство во Варшава се закитиле со уште неколку златни, средбрени и бронзени медали во повеќе возрасни и танцови категории.

„Имаме прво место во „мини кидс“ латино шоу категоријата, кое го освои Емили Нера Кочан, потоа втори места во категориите деца и јуниори мала група латино шоу, како и сребрени и бронзени медали во категориите латино танци соло девојки и младинци парови“, вели Сара Кочан од „Dancers united“.

Сара Кочан и Нермин Кочан, кои се сопственици на скопското танцово студио, ја претставувале земјава како официјални судии на првенството во Полска.

„Dancers united“  постои веќе неколку години и во својата историја има заебележано повеќе успеси на домашната и меѓународната сцена, а од 2013 година во својата програма ги вклучува и лицата со Даунов синдром и други попречености.

Прочитајте повеќе

едукативна роботика за деца – „FIRST LEGO League Explore

Се одржа натпреварот за едукативна роботика за деца – „FIRST LEGO League Explore“

Оваа година за прв пат во Република Северна Македонија се оддржа натпревар за едукативна роботика, …