Идејата за да се направи спиноф на “Бал-Кан-Кан” на Митревски му дошла додека патувал во авион, и за само неколку дена више имал спремено и сценарио за филм
Македонскиот режисер, сценарист и продуцент Дарко Митревски денеска во фоајето на Македонскиот народен театар одржа средба со претставниците на медиумите насловена „А што е следеќе?“.
Наместо класична прес-конференција, средбата беше непосреден разговор со Митревски и можност за изјави и интервјуа. По речиси две децении поминати во Лос Анѓелес, Митревски е повторно во Скопје, каде што ќе ги најави своите планови за идните филмски проекти поврзани со неговото враќање на македонската филмска сцена.
По долги години пауза, познатиот македонски режисер Дарко Митревски официјално се врати во Македонија и најави дека ќе се снима спиноф верзија на култниот “Бал-Кан-Кан” филм.
Идејата за да се направи спиноф на “Бал-Кан-Кан” на Митревски му дошла додека патувал во авион, и за само неколку дена више имал спремено и сценарио за филм.
„Сценарио се пишува за 6 месеци, јас го имав целото само за 5 дена“, изјави Митревски.
Митревски откри дека напишал сценарио, дека за главните улоги ги планира Сашко Коцев, Тони Михајловски и Јелена Јованова.
Клучниот момент е што направија тизер дека од оригиналниот филм ќе се врати најкултниот негативец направен во Македонската Филмска Историја. Ликот чија реплика гласи “Трендафил дома е?”
„Одамна ме нема. И како секогаш кога ќе дојдеш во нова средина, ред е да се претставиш, да кажеш кој си, што си, што си работел, да се запознаеш со тие новите, да се запознаеш со тие што ќе ти бидат публика и да се претставиш пред нив“, рече Митревски.
Тој најави дека филмот ќе биде за двајца луѓе коишто се на дното на општеството, коишто не се присутни во физичката реалност наша, бидејќи никој не ги забележува, коишто се на работ на егзистенцијата и коишто се сакаат.
Филмот треба да започне со снимање следната година во Скопје, и моментално Дарко Митревски е во потрага по финансиски средства за снимање на филмот, но и правата екипа.
“Ја барам правата екипа бидејќи знам каков филм спремам и дека ќе го направам најдобриот филм досега”, изјави Митревски.
„Сакам да направам филм кој ќе биде пресликување на оваа Македонија денешна, којашто јас ја гледам онака како што јас ја гледам, бидејќи јас не живеам во неа, но онака како што јас ја доживувам“, додаде Митревски.
На пошироката јавност Митревски и е познат како автор на филмовите: легендарната црна комедија „Балканкан“ со продадени 150.000 кино влезници и 20.000 ДВД копии, како и фудбалскиот еп „Трето полувреме“ кој во кино салите низ Македонија го видоа над 90.000 гледачи. Исто така е автор и на популарните ТВ серии „Уа, шнајдери!“ и „Досие Скопје“, како и креатор на низа музички видеа од златното време на македонската поп и рок музика.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место