Дебели балкански лаги

Дебели балкански лаги

Лагите во политиката се балканска спортска дисциплина. Така и Груевски раскажува разговор со Херман ван Ромпуј од 2015 година како „шеф“ на ЕУ, а тој беше претседател на Европскиот совет до есента 2014.

Некогаш има нешто неподносливо во грешките, невнимателните сеќавања и поврзувањето на настаните. За Балканот тоа е како спортска дисциплина во политиката. Еве два примери.

Откако беше потпишан Преспанскиот договор и заврши сѐ што следеше по него, почнаа да се појавуваат повеќе детали од преговорите меѓу Македонија и Грција последниве десетина години. Тие детали не се важни само за историчарите, туку и за политичките научници кои истражуваат како се однесуваат одредени политичари во специфични настани. А, се разбира, и за новинарите и аналитичарите. Грчкиот премиер Алексис Ципрас неодамна во интервју за лондонскиот „Фајненшел тајмс“ соопшти дека тој се обидувал да иницира договор за името уште кога Никола Груевски беше премиер, но дека тој одбивал каква било средба.

„Груевски беше човек кој никогаш не сакаше да преговара. Се сеќавам дека отидов во Берлин. Се сретнав со канцеларката Меркел. Долго време дискутиравме за економската криза, долгот, дефицитите, меморандумите и слично. Решивме да зборуваме и за надворешна политика, а јас ѝ реков: ‘Сакам да го решам овој проблем, дури и со Груевски. Ќе се обидам да го предизвикам со тоа што ќе го седнам на маса. Ако тој не сака да седне на маса, ќе биде обвинет дека не сака решение’“, објаснува Ципрас.

Дали Груевски не сакал да седне маса? Можеби да! Но причините се поинакви од она што сега сака да го претставува Ципрас. Речиси истовремено кога Ципрас победи на изборите во Грција, во Скопје почнаа да одекнуваат опозициските „бомби“, власта беше растресена. Во мај се случи драмата во кумановската Дива населба која се закануваше целосно да ја дестабилизира Македонија; потоа следуваа пржинските преговори со кои беше одреден датумот на заминувањето на Груевски. Кој вистински би преговарал во такви околности? И дали воопшто би имал мандат за такви чекори? Веројатно на Груевски тоа му била и последната грижа во операцијата за спас не само на политичката кожа.

Антидатиран разговор

Но Груевски како боцнат со остен не сака некој да му го нарушува херојството за името и веднаш испраќа депеша од Будимпешта за да ги побие Ципрасовите „лаги“. Откако соопштува дека Ципрас никогаш не предложил разговори за името кои тој ги одбил и дека имал само еден телефонски куртоазен разговор со грчкиот премиер кога тој ја презеде власта, а потоа не се случувало ништо, Груевски ламентира над тешката економска криза во Грција, објаснувајќи дека тоа било главната причина зошто немало преговори, а дека во Македонија започнал проектот за негова смена за да се промени името. Но Груевски, за да му даде тежина на овој одговор, споменува еден разговор од 2015, кој никако не можел да се случи таа година.

Извор: DW

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Кандидати кампања

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското …