„Децата имаат право на добро здравје“- трибина на Општина Кавадарци и Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“

„Децата имаат право на добро здравје“- трибина на Општина Кавадарци и Здружението „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“

Во организација на Секторот за образование, спорт и детска заштита на Општина Кавадарци и Здружението за унапредување на здравјето „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“ а по повод Светската недела на детето, синоќа во Кавадарци се одржа трибина насловена како „Децата имаат право на добро здравје“.

Говорници на трибината беа д-р Тони Нешковски специјалист по уролошка хирургија, Билјана Волчева, доктор по општа медицина, Благица Боцева, доктор по дентална медицина и Петра Лукароска, претседателка на Здружението за унапредување на здравјето „ФИЛИП ЛУКАРОСКИ“

„Оваа недела нека ни биде потсетник дека ако детето живее со охрабрување, тоа ќе биде сигурно во себе; ако живее со искреност, ќе научи што е вистина; ако почувствува што е прифаќање, ќе знае да се сака; ако детето учи со споделување, ќе научи да биде благородно; ако детето живее со сигурност, учи да има верба во себе и во оние околу него. Исто како кога ќе посадите растение во почва – ако почвата е добра, и растението ќе биде добро. Ако е камен, залудно ќе правите било што со растението. Родителите, наставниците, општеството, на некој начин, се почвата за детето“, истакна меѓу другото во своето обраќање Лукароска.

Прочитајте повеќе

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајца заменици министри

Собранието ги констатира оставките на Таравари и двајца заменици министри

Собранието денеска (20 мај) ја констатира оставката на министерот за здравство Арбен Таравари. Констатирани се …