кривичен суд

Дедото на Тамара доби седум и пол години затвор

Љупчо Стојановски, дедото на Тамара Димовска од Велес, која почина во 2015 година чекајќи на операција на рбетот во странство, денеска во Кривичниот суд во Скопје доби седум и пол години затвор за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Стојановски пукаше во него непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

Дедото на Тамара има право на жалба на првостепената пресуда пред Апелацискиот суд во Скопје.

Тој претходно од овој суд доби преиначување на првостепената пресуда за нелегално поседување оружје, и од условна казната му беше сменета во ефективна – една година затвор.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …