дефектот на улица Никола Парапунов

Полнењето на водоводот започна, во завршна фаза уште дефектот на улица Никола Парапунов

Зафатот на улица Никола Парапунов, како што велат од Водовод, се изведува независно од останатите и за тој не е неопходно затворање на главниот довод. Од овој дефект веќе две седмици тече питка вода директно во канализација. Жителите на Скопје од десната страна на Вардар заради санацијата на водоводната мрежа од утрово немаат вода за пиење

Активностите за санација на главниот градски водовод и поправка на дефектот во Карпош 4 од кој повеќе од две недели истекуваше питка вода се во завршна фаза, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

„Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа“, соопштија од јавното претпријатие. Се очекува постепено жителите на главниот град од десната страна на Вардар да добијат повторно вода за пиење.

Полнењето на водоводот започна, во завршна фаза уште дефектот на улица Никола Парапунов
Дел од активностите на ул. Никола Парапунов за санација на дефектот | Фото: Мета.мк
„Акцијата започна денес на 21 декември сабота во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Според нив, операцијата се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

Во рамки на активностите се очекува да се подобри водоснабдувањето  во општините Ѓорче Петров и Карпош.

„Со затварање на Главниот градски цевковод Ф1600мм по должина на линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. Никола Парапунов веќе нашиот тим ги заврши интервенциите“, велат од Водовод.

Полнењето на водоводот започна, во завршна фаза уште дефектот на улица Никола Парапунов
Од Водовод велат оти за целата операција биле ангажирани 160 нивни вработени, стручни лица | Фото: Мета.мк

Потенцираат дека од Ѓорче Петров до хотел Карпош на улица „Партизански одреди“ се променети 5 воздушни вентили и 5 затварачи поврзани на цевководот Ф1600.

  • Реконструиран е затварач Ф700 на бул. Партизански одреди со ул. Никола Парапунов;
  • Променет е затварачот на Ф400 на кружниот тек Порта Влае;
  • Реконструиран е затварач Ф600 на мостот Обединети Нации;
  • Реконструиран е затварач Ф500 на ул. Никола Парапунов.

Како што додаваат понатаму, во завршна фаза е уште реконструкцијата на затварачот со дијаметар од 70 см (Ф700) на ул. Никола Парапунов. Тоа е зафат, како што велат од Водовод, кој се изведува независно од останатите и за кој не е неопходно затворање на главниот довод.

Од јавното претпријатие посочуваат дека за санација на главниот градски водовод ангажирани се повеќе од 160 нивни вработени меѓу кои водоинсталатери, инженери, оператори и возачи на специјални возила, автомеханичари, машинобравари, механичари, електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ја вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот.

Од Водовод Скопје апелираат до сите јавни чинители да ги поддржат нивните вработени „во оваа исклучително тешка акција која бара високо ниво на стручност и техничка подготвеност, а воедно и до јавноста да не потпаѓа под изнесувањето информации од нестручни лица со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Што значи забраната на ТикТок за конкуренцијата меѓу САД и Кина

Што значи забраната на ТикТок за конкуренцијата меѓу САД и Кина

ТикТок, во сопственост на кинеската компанија Бајтденс (ByteDance), замина офлајн во САД непосредно пред федералната …