Делчево: Форум за општински буџет

Делчево: Форум за општински буџет

Претставници од месни заедници, од граѓанските организации, претставници од бизнис-заедницата во Делчево учествуваат на Форумот за општински буџет кој го организираше Општина Делчево во рамките на просецот на изработка на буџетот за 2020 година.

Целта на организацијата на форумот е одредување на приоритетните проекти за реализација за наредната година детектирана од граѓаните, а Општина Делчево почитувајќи го гласот и мислењето на граѓаните и анализирајќи ги приоритетите на граѓаните ќе ги предвиди за реализација.

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски кој го отвори Форумот истакна дека како градоначалник посебно дава поддршка на партнерството меѓу граѓаните и Општината, граѓанското учество во сите сфери од живеењето, бидејќи главната улога на општината е сервис на граѓаните.

– Не затворам очи пред фактот дека во Делчево има уште доста нерешени проблеми, но тука сме да ги решаваме. Можеби некои од вашите приоритети, општината не ги сфатила како приоритети, затоа сме тука и јас и одговорните лица од Општината по одделенија, да го слушнеме вашиот глас. Јас накратко би потенцирал дека во развојната програма за 2020 година, главен аспект ќе дадеме на изградбата на современ градски пазар. Средства во висина од 7 милионин денари се обезбедени од Агецијата за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите се од буџетот на Општина Делчево, истакна Трајковски.

Тој додаде дека секоја година во буџетот се предвидуваат средства за реализација на најразлични програми, како програмата од областа на заштита на животната средина, од областа на културата, програма за односи со јавноста и промоција на општината, програмата за родова еднаквост, средства за поддршка на реализација на проекти на граѓанските и спортските клубови и сл.

Во рамките на процесот беа презентирани актуелните и планираните проекти на Општина Делчево, како и предлог-рамката на Буџетот за 2020 година, а во вториот дел од Форумот кој е во тек, учесниците ги претставуваат своите приоритети.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …