Делчево: Конститутивна седница на Локалниот совет за превенција

Делчево: Конститутивна седница на Локалниот совет за превенција

Се одржа Конститутивната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Делчево кој е составен од претставници на локалната и централната власт, како и други владини и невладини организации.

Функционирањето на Локалниот совет за превенција треба да дефинира заеднички препораки за подобрување на безбедноста на подрачјето на општина Делчево, како и градење доверба и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Со Локалниот совет за превенција заседава градоначалникот на Општина Делчево, а негови помошници се јавниот обвинител и командирот на ПСОН Делчево.

Градоначалникот Трајковски во своето обраќање пред присутните го истакна значењето од функционирањето на ова координативно тело.

Наша одговорност е да се градат харомонични односи меѓу полицијата и заедницата. Законот за локална самоупрва, всушност, му ја дава на градоначалникот клучната улога во таа смисла која може да се инкорпорира преку дејствувањето на Локалниот совет за превенција.Јас, би рекол, секогаш е подобро да се превенира отколку да се лекува. Превенцијата е значаен и клучен сегмент за подобрување на локалната безбедност од сите аспекти и, всушност, тоа е една од клучните цели на ова тело. Затоа, јас како градоначалник, апелирам на меѓусебна соработка на сите претставници од ресорните министерства и од институции, да се разменуваат искуства, да се решаваат евентуалните проблеми и ова задолжение, мора да истакнам,  не зависи од добрата волја на поединци и не е по избор, туку е нешто што треба и мора да се направи, истакна Трајковски.

Во Општина Делчево, успешно работи Советодавната граѓанска група формирана пред 13 години како резултат на проектот „Соработка помеѓу полицијата и локалното население“ , имплементиран од страна на ОБСЕ-Мисијата во Скопје, преку Одделението за соработка со полицијата и локалното население.

 Локалниот совет за превенција се формира врз основа на Законот за локална самоуправа и Законот за полиција и претставува советодавно и координативно тело, заради остварување соработка и зацврстување на влијанието на јавноста во работата на полицијата.

 Мандатот на членовите на Локалниот совет за превенција е четири години.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …