Делчево: Промоција на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ од Трајан Гоцевски и Свето Стаменов

Делчево: Промоција на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти“ од Трајан Гоцевски и Свето Стаменов

Делчево се гордее со успесите на сите наши сограѓани каде и да живеат и творат во моментот и ги доживува како лични успеси и се гордее со нив, така е и вечерва на промоцијата на новиот труд на делчевецот, проф.д-р Трајан Гоцевски, истакна градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, во своето обраќање по повод промоцијата на трилогијатаМакедонски безбедносни лавиринти“ на Свето Стаменов, политиколог,  публицист и новинар на Македонското радио – Радио Скопје и на Трајан Гоцевски, универзитетски професор, експерт од областа на одбраната и безбедноста и прв цивилен министер за одбрана и член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија што се организираше синоќа во Домот на АРМ во Скопје.

-Да се зборува за проф. д-р Гоцевски е голема чест, неговиот животен пат и кариерен пат е мотивирачки и треба да претставува поттик за сите млади луѓе кои сакаат сопствениот труд да го преточат во успех. Тој е еден од најзначајните ликови на Делчево, кој дал значаен придонес за развојот на урбано Делчево додека бил претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Делчево, но и претседател на Меѓународната научно-културна манифестација „Гоцеви денови, но неговата поддршка за родното Делчево е импшресивна и денес, истакна Трајковски.

Во трите книги од трилогијата на 1.200 страници се објавени 49 интервјуа кои биле емитувани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2006 до 2018 година.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека со оваа трилогија јавноста добива можност да се запознае со низа суштински прашања од повеќе области на внатрешната политика, на безбедноста и обраната, но и за некои примарни интереси на државата и надворешно-политички теми

– Она што особено сакам да го потенцирам е фактот дека оваа трилогија, односно темите разработени во неа сосема сигурно ќе бидат важни одредници за сите оние што во иднина ќе се зафатат со проучување и анализа на низа важни општествени сфери од историскиот развој на независна и самостојна Македонија. Независно дали се работи за безбедносните проблематики, одбрамбените предизвици, внатрешно и надворешно политички позиции, правци,трендови, додаде Спасовски.

Професорката на Филозофскиот факултет во Скопје, Лидија Георгиева, рече дека оваа трилогија претставува емотивно дело во кое авторот ги искажува и своите најкритични и најпозитивни мисли во однос на развојот на нашата безбедносна политика.

На промоција на трилогијата присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски и ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …