Делчево: Се асфалтира локалниот пат Илиово-Турија

Делчево: Се асфалтира локалниот пат Илиово-Турија

Започна асфалтирањето на последните 500 метри од локалниот пат Илиово-Турија, делницата од с. Турија до с. Трстија со што се заокружува комплетно изградбата на овој локален пат и се решава голем проблем на граѓаните кои живеат или гравитираат на ова подрачје.

 Увид во градежните работи на локалниот пат денеска направи градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој го истакна значењето на овој инфраструктурен проект за жителите.

-Со асфалтирањето на овие 500 метри се заокружува изградбата на локалниот пат и самата доизградба овозможува комплетна сообраќајна целина за поврзување на неколку населени места Илиово, Бигла, Турија, Трстија. Средствата во висина од околу 2,8 милиони денари се обезбедени од Програмата за  финансирање проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за финансирање во 2019 година преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, истакна Трајковски.

Минатата година од овој локален пат беа асфалтирани околу 400 метри, исто така, преку Програмата за финансирање проекти за развој на подрачја со специфични потреби.

Инаку, Трајковски најави изградба на патна инфарструктура и во неколку делчевски села.  Наскоро ќе започнат градежни работи з аизградба на две улици во с. Тработивиште, ул. „Гоце Делчев“ и „Пијанечка“, во село Разловци ќе се гради крак на улица од Спомен- домот,  а во с. Град, планирана е изградба на крак 2 и крак 3.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …