Делчево

Делчево: Се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација

Општина Делчево деновиве интензивно работи на поставување хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците во градот кои беа реконструирани претходниот период. Обележувањето и означувањето започна на дел од улицата „Маршал Тито“ која беше реконструирана во текот на 2018 година, а ќе продолжи на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Питу Гули“.

Согласно со проектот, по поставувањето хоризонтална и вертикална сигнализација на дел од улица „Маршал Тито“ се планира поставување сообраќајна сигнализација и технички средства за забавување на сообраќајот на улицата „Светозар Марловиќ“, а потоа  целосно обележување со хоризонатална и вертикална сигнализација на улицата „Питу Гули“.

Изведувач на работите е „ВИЈАДУКТ ТРЕЈД“ ДООЕЛ од Гостивар со кој Општина Делчево има склучено Договор за набавка, транспорт и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација, како и технички средства за забавување на сообраќајот.

На дел од улица „Маршал Тито“ досега се поставени 38 сообраќајни знаци, додека поставувањето хоризонтална сигнализација е извршено од крстосницата со улицата „Солунска“ до крстосницата со улица  „Кеј на Брегалница“, а се обележани разделните линии, линиите водилки, стоп линии, стрелки за насоките на движење, места за паркирање и пешачки премини, а означувањето е извршено со поставување знаци за првенство на минување, крстосување со пат со првенство на минување, обележан пешачки премин, паркиралиште, забрана за запирање и паркирање, ограничување на брзината на движење, знаци за престројување на возилата итн.

Предвиденото сообраќајно решение за дел од улица „Маршал Тито“ е изработено во согласност со геометриските елемнти на постоечката состојба од улица „Маршал Тито“, проектната задача зададена од страна на инвеститорот, како и во согласност со законските прописи.

Со реализацијата на сообраќајното решение и поставувањето на вертикалната и хоризонталната  сигнализација и опрема ќе се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот и ќе се обезбеди оптимално ниво на безбедно и непречено движење по оваа делница.  

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …