Делчево: Стипендистите ги добија решенијата

Учениците и студентите од Делчево кои ќе добиваат стипендии од Општина Делчево за учебната 2019/2020 година денеска ги добија решенијата од Општина Делчево. Годинава, вкупно 18 средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со јавно објавениот Конкурс и 10 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од Буџетот на Општина Делчево за период од 9 месеци.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој им ги врачи решенијата, истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.

– Ми претставува посебно задоволство што денеска и официјално ги доделуваме ученичките и студентските стипендии на нашите млади талентирани ученици и студенти. Годинава имаме зголемување на бројот на доделени стипендии, така што во транспарнетен процес доделивме вкупно 28 стипендии во 4 категории. Потребите од зголемување на бројот на ученици кои ќе добиваат стипендии е резултат на големиот интерес за општински стипендии кај средношколците кои со својот континуиран одличен успех и постигнатите резултати на натпреварите заслужуваат поддршка од Општината и  е во согласнот со политиката за поддршка и мотивација на талентираните ученици за постигнување подобри резултати во образовниот процес, рече Трајковски.

Бројот на предвидени стипнедии согласно со Програмата се зголемува два пати во последниве  две години, односно од 12 на 28 стипендии. Оваа година почитувајќи ги критериумите, Комисијата одлучи да се доделат 18 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1000 денари, односно 1,500 денари и 10 студентски стипендии во износ од 2000 денари, односно 3,500 денари.

 Како Општина го следиме успехот на учениците и, освен овие стипендии, доделуваме и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, потоа награди за освоени високи места на државни и меѓународни натпревари, а Општина Делчево доделува и наградно патување низ Европа на 10-те најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“. За што сме издвоиле од Буџетот во 2019 вкупно 805.000 денари, истакна Трајковски.

Градоначалникот Трајковски истакна дека од почетокот на новата школска година од септември 2020 се воведува нова мерка со која ќе се издвои од Буџетот по 3 .000 денари за секое прваче кое ќе го започне школувањето во делчевските основни училишта.

Прочитајте повеќе

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Законот подолг период го изготвуваа здруженија за заштита на животни во соработка со пратеници, а …