Делчево

Делчево: Уредете ги дворовите- ќе се избира најубаво уреден двор

Во рамките на кампањата „Заедно до поубаво Делчево“ и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, Општина Делчево ќе избира најубаво уреден двор. Водејќи се од мотото дека секој индивидуалец или институција и фирма кои со својот труд и креација за уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево, Општина Делчево објавува Конкурс за избор на најубаво уреден двор.

Целта на оваа акција е сите граѓани заедно да придонесат за поубаво Делчево. Истовремено, Општината сака да ги награди граѓаните и фирмите за својата улога во разубавувањето на градот и да ги мотивира граѓаните да дадат свој придонес за разубавување на градот.

На Јавниот конкурс кој ќе биде објавен во понеделник на 6 мај на веб-страницата на Општина Делчево и на локалните медиуми, ќе можат да се пријават сите граѓани кои ценат дека нивното дворно уредување заслужува внимание, но и сите граѓани кои се воодушевуваат на дворот на пријател или сосед, да го пријават на изборот за најубаво уреден двор во Делчево. Конкурсот ќе биде отворен до 1 јули, период за кој се смета дека е доволен за заинтересираните граѓани да ги направат потребните подготовки и да ги уредат дворовите. Комисијата формирана од стручни лица ќе ги посети пријавените дворови и ќе го оценува уредувањето на дворните површини.

За сопствениците за најдобро уредени дворови, Општина Делчево  има обезбедено две награди во категориите:

  1. Индивидуално домување,
  2. Колективно домување и правни лица.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …