Делчево: Завршија градежните работи за рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“

Делчево: Завршија градежните работи за рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“

Со обележување на хоризонталната сигнализација, заврши рехабилитација на транзитниот булевар „Македонија“ во Делчево кој е дел од државниот пат А3 кој поминува низ Делчево.

Согласно со проектот се рехабилитираа двата коловоза од делот кај бензиската во Делчево до клучката за регионалните патишта за Берово и Граничен премин со вкупна должина од 3,5 км. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП Гранит. Вкупната вредност на проектот е 32.464.582 денари.

Со рехабилитацијата на транзитниот булевар се реши и децениски проблем со оваа доста фреквентна сообраќајница во Делчево која комплетно се рехабилитираше прв пат од како е изградена.

Инаку, претходно беа рехабилитирани и 5 км од патниот правец Делчево-Ѕвегор-Граничен премин, како и најкритичниот дел од патниот правец Делчево- Пехчево во должина од 11 км. Двата проекти се реализираат преку ЈПДП со проект од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 км на регионалниот пат Берово-Виница во должина од 11 км. Вкупниот буџет за овие три инфраструктурни проектие 3,3 милиони евра.

Прочитајте повеќе

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти

Денеска пред Управата за јавни приходи  (УЈП) наместо студентски протест, се одржа протест на десетина …