Делегација на СДСМ

Делегација на СДСМ предводена од Зечевиќ-Вардарски му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме.

Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите.

Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски по повод 151 годиншнината од неговото раѓање.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев.

Прочитајте повеќе

СДСМ лого

СДСМ: Во новиот мандат европски систем за правда и целосен ветинг во новиот мандат

Соопштение за јавност на СДСМ Клучна определба во новиот мандат на СДСМ е европски систем …