Демант на Владата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

Демант на Владата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за хеликоптерски услуги за граѓаните

Почитувани,

Изнесените наводи на прес-конференцијата, одржана на ден 12.08.2019 година, на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, од страна на генералниот секретар, Игор Јанушев, дека се подготвува коруптивна набавка на хеликоптер за медицински цели во вкупна вредност од 72 милиони евра, се шпекулации, незнаење и дезинформации.

Владата на Република Северна Македонија подготви проект за воспоставување на јавно приватно партнерство за SAR (search and rescue), потрага и спасување, односно хеликоптерска потрага и спасување HEMS (Helicopter Emergency Medical Service)  хеликоптерски итни медицински услуги по примерот на развиените западно-европски земји.

Со воспоставувањето на јавното приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат услуги и тоа:

– Бесплатно користење на ХЕМС И САР услуги,

– По истекот на договорот, целокупната опрема заедно со воздухопловите остануваат во сопственост и владение на Република Северна Македонија,

– Се градат капацитети за слетување/полетување, хелиодроми, во повеќе градови во Република Северна Македонија,

– За целото времетраење на договорот, приватниот партнер на годишно ниво, ќе плаќа надоместок на Република Северна Македонија,

– На овој начин, со воспоставувањето на ова јавно приватно партнерство, Република Северна Македонија и граѓаните добиваат придобивки кои нема да ги чинат ништо.

Ова е пример за јавно приватно партнерство, кое во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше незамисливо и неостварливо.

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …