Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Во текот на вчерашниот ден, во раните утрински часови во битолската полиција било пријавено дека три малолетни лица оштетуваат дел од фонтаната на плоштадот Магнолија. По брзата реакција на полицијата, сторителите избегале од местото во различни правци. Од страна на припадниците на полицијата во близина на фонтаната, во паркот кај Градскиот часовник е пронајдена едната украдена бакарна лента од бордурата на штитот на фонтаната во должина од четири метри.

Општина Битола уште еднаш упатува апел до жителите на градот, да не ги оштетуваат јавните придобивки кои им служат на сите граѓани, а истовремено претставуваат слика и белег на Битола за секојдневните посетители. Воедно, општината ги поздравува пријавителите на вакви настани и ги охрабрува истото да го прават и во иднина, со што би се спречиле или намалиле штетите од ваквите девијантни појави на несовесните граѓани.

Голема благодарност општината упатува и до припадниците на СВР Битола, кои веднаш реагирале и не дозволиле штетата да биде уште поголема, како и за постојаната взаемна соработка со цел да се сочуваат јавните добра и придобивки за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска: Од Либерална партија и Демократска Алтернатива, до претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова била член на Либерална партија (ЛП), во 1998 година станува дел од …