„Ден на слободата“: славје и критика

„Ден на слободата“: славје и критика

И покрај предупредувањата од научниците и опозицијата, британската влада од денеска укина речиси сите ковид-рестрикции за Англија. Притоа, меѓу другото отпаѓаат и обврските за физичка дистанца и носење маска.

Речиси сите заштитни мерки против коронавирусот се укинати во Англија, каде денешниот ден е прогласен „Ден на слободата“, и покрај огромниот и растечки број на заразени во Велика Британија во последните неколку недели.

Стадионите и големите сали  од денеска се отворени со полн капацитет како и дискотеките, а повеќе нема  ограничувања ниту за угостителските објекти и пабовите.

Носењето заштитна маска повеќе не е задолжително, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците. Работата од дома веќе не е задолжителна.

Исклучоци важат во Лондон, каде градоначалникот Садик Кан од опозициската Лабуристичката партија сака да одржи построг курс кон коронавирусот отколку британската влада. Во другите делови на Велика Британија – Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се независни во однос на здравствената политика, – укинати се само некои од мерките против коронавирусот.

Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон го оправда многу контроверзниот чекор на отворање со високата стапка на вакцинација во земјата. Повеќе од две третини од возрасните се веќе целосно вакцинирани.

Сепак, во Обединетото Кралство, во последните неколку недели има зголемување на бројот на заразени лица. Два дена по ред, регистрирани се повеќе од 50.000 случаи на Ковид-19.

Меѓу заразените е и министерот за здравство Саџид Џавид, кој е во самоизолација. Поради контакт со него во самоизолација се и британскиот премиер Борис Џонсон и  министерот за финансии Руши Сунак.  Задолжителната самоизолација при контакт со заразено лице е една од мерките кои остануваат во сила.

Велика Британија, во моментов има значително помалку смртни случаи отколку во претходните бранови на коронавирусот. Меѓутоа, научниците предупредуваат дека наглото зголемување на бројот на случаи на Ковид-19 ќе го стави повторно пот притисок здравствениот систем. Околу 550 пациенти во моментов се лекуваат на одделите за интензивна нега. Во екот на вториот бран во јануари, тој беше изнесуваше повеќе од 4.000.

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …