Денес во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со значително заладување, пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен правец.

Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. Дневната температура ќе биде за 6 до 10 Целзиусови степени пониска од денешната, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

В недела и в понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечна дневна температура на воздухот. В понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и со грмежи, но претежно во западните делови од земјава. В понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер, прогнозира УХМР.