Денешна состојба со кронавирусот: 21 новозаболен и 17 оздравени

Денешна состојба со кронавирусот: 21 новозаболен и 17 оздравени

Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 17 оздравени пациенти:

– Скопје 7

– Куманово 2

– Прилеп 2

– Велес 2

– Гостивар 1

– Крива Паланка 1

– Пехчево 1

– Берово 1

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на Ковид-19:

– Скопје 12

– Куманово 3

– Штип 1

– Тетово 5

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Досега во земјата се направени вкупно 25528 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 13 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …