ковид-19 тестови тестирање

Денеска 1.822 нови случаи на ковид-19 од 7.123 тестови, пријавени тројца починати

Бројот на новозаболени лица од ковид-19 со несмалено темпо расте. Во изминативе 24 часа биле направени 7.123 тестови, при што регистрирани се 1.822 нови случаи на ковид-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство.

Идентично како и во текот на минатите денови, најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 918, по што следуваат Битола со 198 и Прилеп со 98 новозаболени лица од ковид-19.

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Делчево (70г и 77г) и едно починато лице од Скопје (89г).

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица на возраст од 61 до 85 години, по едно починато лице од Скопје, Радовиш, Гостивар и Кичево, починати во период од 28.12.2021-06.01.2022 година.

Во изминативе 24 часа регистрирани сe 668 оздравени пациенти од ковид-19 во земјава.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 238.061, бројот на оздравени пациенти е 216.521, на починати е 8.062, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 13.478.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …