лабораторија тестирање ковид-19

Денеска 1.865 нови случаи на ковид-19, речиси секој трет тестиран бил позитивен

Бројот на заболени лица од ковид-19 продолжува да расте во земјава. Денеска биле направени 6.173 тестови, при што биле регистрирани 1.865 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Најголем број од новозаболените лица се од Скопје – 871, а по главниот град следат Битола со 177, Прилеп со 119 и Куманово со 86 регистрирани случаи на ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 784 оздравени пациенти од ковид-19 во земјава.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 14.545.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …