Денеска 18 лица починаа од ковид-19, пријавени уште четворица починати од претходно

Продолжува да расте бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), 3 починати лица од Струмица (71г, 73г и 87г), по 2 починати лица од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно починато лице од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, денеска се пријавени уште 4 починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021 година. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1) на возраст од 61 до 88 години.

Со ова, вкупниот број на починати лица од ковид-19 во земјава се зголеми на 7.569.

Изминатово деноноќие направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на ковид-19. Истовремено, регистрирани се и 396 оздравени пациенти.

Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава во моментов изнесува 8.096, додека вкупниот број на оздравени лица се искачи на 199.460.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …