ковид-19

Денеска 19 нови случаи на ковид-19, оздравени 26 пациенти, починаа 6 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1.

Регистрирани се 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …