Денеска времето ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, особено во јужните делови, а локално се очекува вкупно да наврнат над 30 л/м².
Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, а утринската ќе опаѓа. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен под нулата, а највисоката дневна температура ќе достигне 24 степени Целзиусови.