Времето денеска ќе биде облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Од утре земјава ќе ја зафати студена и влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од снег. Во крајниот југоисток врнежите ќе бидат најпрво од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат ноќта во недела и во понеделник во текот на денот, особено во западните и јужните делови.