Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во јужните делови од земјата, живата во термометарот ќе се искачи до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.