Денеска и уре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. Температурата ќе се движи од 18 до 30 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе биде 7.
Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а од вторник ќе има пораст на дневната температура.