Денеска и утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и појава на град

Во текот на претпладневните часови од денешниот ден, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе достигне 37 степени Целзиусови. УВ=8.

Слично време ќе имаме и во вториот ден од викендот, во недела: нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.

Во следните денови, освен во понеделник кога ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, ќе настапи период на стабилно време.

Прочитајте повеќе

Георгиева од ЗЛС

Георгиева од ЗЛС: Во мандатот на Филипче освен плата, приватните специјализанти добија и платени дежурства (ВИДЕО)

Пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа категорија на лекари …