Денеска и за викендот сончево со температури до 37 степени

Денеска и за викендот сончево со температури до 37 степени

Во текот на денешниот ден, во претпладневните часови на места ќе има зголемена облачност и повремен локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне 34 степени, а УВ=7.

Во следните денови ќе настапи делумно стабилизирање на времето. Ќе преовладува сончево и топло време, но во попладневните часови ќе има услови за појава на ретка изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи во интервалот од 28 до 37 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …