Денеска и за викендот врнежи од дожд, на повисоките места снег

Денеска и за викендот врнежи од дожд, на повисоките места снег

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни, над 20л/м2. Поради спуштање на значително постудена воздушна маса, во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер. Врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер со брзина над 80 км/час. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота. Минималната температура ќе се спушти до 6 степенми под нулата, а максималната ќе изнесува 16 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Богородица пожар

Затворен граничниот премин Богородица поради пожар, се преземаат мерки за гасење на пожарот

Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот. Апел до сите граѓани да не се …