Денеска премиерот Заев до Собранието ќе ги достави имињата на новите министри

Премиерот Зоран Заев за денеска до Собранието ќе го испрати предлогот за избор на новите министри, за кој пратениците ќе расправаат следната недела.

Според најаваите на Заев, „метлата“ ќе зафати 8 министри чии имиња ќе бидат познати денеска. Она што е сигурно, е дека еден од нив ќе биде досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски кој беше именуван за нов Генерален секретар на СДСМ. После смената на министерите, ќе следува смена и на заменици министри како и на дваесетина директори на јавни претпријатија.

Покрај најавените смени во Владата, јавноста од Заев очекува, од позиција на претседател на СДСМ да ги назначи новите партиски потпретседатели, но и првите луѓе на поголемите општински организации кои се’ уште не ги добиле новите претседатели.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …