Денеска пристигнаа 20.000 дози „АстраЗенека“, донација од Грција

Денеска пристигнаа 20.000 дози „АстраЗенека“, донација од Грција

На скопскиот аеродром денеска пристигнаа 20.000 дози вакцини против ковид-19, донација од Грција. Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев ги пречекаа пратките со вакцината „АстраЗенека“.

На својата фејсбук страна министерот Филипче изрази благодарност до грчката влада.

„Денеска од нашите пријатели од владата на Република Грција ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини „АстраЗенека“. Оваа поддршка од грчката влада, амбасадорот на Република Грција, Н.Е. Русос Кундурос и грчкиот народ, се од голема важност за нас, за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел. Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид пандемијата покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација, бидејќи тоа е единствениот начин да извојуваме победа против вирусот ковид-19“, напиша Филипче.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …