Денеска променливо облачно со локален дожд, од утре засилен ветер и пад на температурите

Денес претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, најпрвин во западните а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја, ќе биде облачно со повремен дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне 28 степени Целзиусови.

Од утре и во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Прочитајте повеќе

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Вицепремиерката Грковска им ги додели дипломите на најдобрите студенти од ФИНКИ

Заменичката на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, …