Денеска ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе се движи во интервалот од 14 до 20 степени Целзиусови.
Од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.