Денеска сончево и топло, од понеделник пад на температурата

Денеска сончево и топло, од понеделник пад на температурата

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 26 до 36 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 Целзиусови степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во сабота во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Позначителна промена на времето се очекува во недела попладне и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …